Радио Милева
тоа го нема во договорот

Босанац често добива критики дека зема малку кандидати во „Ѕвездите на Гранд“ на кои треба да им биде ментор, а сега откри зошто тоа е така: „Не сакам да бидам безобразен“

Босанац често добива критики дека зема малку кандидати во „Ѕвездите на Гранд“ на кои треба да им биде ментор, а сега откри зошто тоа е така: „Не сакам да бидам безобразен“

Драган Стојковиќ Босанац кој е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“  откри каде грешат младите пејачи и зошто не сакаат да пејат народни песни.

Исто така изнесе непознати детали од договорот со „Гранд“.

„Како и во сė, тоа покажува пред народот дека се двојни личности. Еве кандидатите ќе дојдат во „Ѕвездите на Гранд“ и пејат поп музика, а потоа ќе отидат на свадба или по дома пејат народна музика, а и од тоа живеат. Зошто Босанците често поминуваат во следните кругови? Па, затоа што доаѓаат во музичкиот натпревар и пејат севдалинки со кои пораснале. Потоа, само малку ќе имаат надоградба и тоа е тоа. Па, кога ќе поминат 30 години тие се враќаат на музиката со која пораснале. Тоа е исто како да ги сакаме колачите кои ги правиле нашите баби. И никое друго колаче нема да биде подобро од она на нашите баби бидејќи тоа не потсетува на младоста“ изјави Босанац за медиумите.

Според него, на младите генерации кои се обидуваат да да ги следат светските трендови им недостига образование, но и тие нови пејачи имаат погрешни идоли.

Босанац често добива критики од неговите колеги од „Ѕвездите на Гранд“ дека прифаќа малку кандидати на кои треба да им биде ментор, а сега откри зошто тоа е така.

„Прво, ние не сме никакви ментори. Ментори се на факултет. Ниту сме професори, ниту пак тие се студенти.  Второ, договорот никаде не пишува дека на некој треба да му бидеме ментор. Тоа е воведено поради шоуто. Тоа значи дека во слободно време треба да работам со кандидатите и потоа некој друг да ги преземе. Јас на крајот ќе земам неколку кандидати за да не бидам безобразан, но во договорот нема таков член и ние немаме никаква обврска. И ние членовите на жирито треба меѓу себе да се натпреваруваме како ментори. Јас немам со кого да се натпреварувам“, вели Босанац.

фото: принтскрин/инстаграм/драган стојковиќ босанац

Останати вести од Радио Милева