Промотер

Борис Цветановски алиас Ris Flower со нов сингл и видео – „Hearts So Cold” (ВИДЕО)

Борис Цветановски алиас Ris Flower со нов сингл и видео – „Hearts So Cold” (ВИДЕО)

Македонскиот музички артист  Борис Цветановски  познат под  псевдонимот Ris Flower, од денес во светскиот етер е присутен со нов сингл: „Hearts So Cold”.

По неговото последно издание “Live Power Session” (последно нешто снимено во веќе легендарната “Универзална Сала Скопје”), Борис Цветановски a.k.a Ris Flower, на музичките сладокусци им носи нова песна која со својот специфичен ритам, модерен звук и моќни, енергични вокали е најава за првиот албум на Ris Flower кој ќе се реализира во 2022 година.

“Во време кога на глобално ниво срцата се насекаде ладни, единствено љубовта е нешто што може да ни даде сила, енергија и топлина. Време е да кажеме громогласно “НЕ!” и да се бориме против негативните влијанија кои се почесто секојдневно не опкружуваат. Верувам дека пораката која ја пренесувам преку мојата нова песна “Hearts So Cold” ќе допре до луѓето и ќе ги охрабри во овие ладни времиња”, вели Ris Flower.


Песната е снимена во “Studio Ari” во Истанбул, Турција. Музиката и текстот се на Ris Flower, додека аранжманот и продукцијата на Мустафа Чанбазлар.

Што се однесува до видеоспотот, режисер на истиот е Бруно Велјановски, зад камерата Борис Ралев, додека пак истиот го монтираше Владимир Владимиров.

Со промоцијата на оваа песна, Ris Flower ја промовира и својата прва колекција за облека под името “Flowear” (@theflowear) чија тема се текстовите од песните на Ris Flower.