Радио Милева
слава или свадба?

Бомбакис ја раскина свршувачката: Социјалните мрежи му ја „упропастија“ свадбата на момчето со картонски пораки? (ВИДЕО)

Бомбакис ја раскина свршувачката: Социјалните мрежи му ја „упропастија“ свадбата на момчето со картонски пораки? (ВИДЕО)

Кристијан Станковски или едноставно @Bombakis,  како што се потпишува, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра  десетици илјади следбеници.

Од шеги и пародии за аномалиите во општеството и власта, до забавни пароли, сам или во комбинации со познатите и јавни личности, момчето гио собираше симпатиите на социјалните мрежи, па речиси и да нема човек, особено помеѓу помладите кој не знае кој се крие и што треба да очекува кога ќе го слушне неговиот прекар.

Со пораките на картон се прослави и стана еден од омилените инстаграмџии во Македонија , но неговите постови колку и да се се коментираат и споделуваат, колку натписите на картон му ја донесоа славата, толку и му ја одземаа приватноста.

Бомбакис за прв пат минатата година отворено профговори за борбата со канцерот, но и ја најави својата свршувачка, односно свадбата која требаше, а сепак не се случи со неговата долгогодишна девојка со која заедно и живееле.

Дали родителите на едната или другата страна вмешале прсти или популарноста стекната преку социјалните мрежи  ја „задушила љубовта“, дали се во контакт со несудената животна сопатничка и постојат ли се’ уште шанси да се смират…?

Бомбакис ексклузивно во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ одговараше на сите овие прашање откако проговори за својот пријватен живот и ја потврди веста дека  ја раскинал свршувачката и свадба нема да има… Не барем засега!

Деталите дознајте ги од видеото во продолжение:

Останати вести од Радио Милева