Радио Милева
Не само глас...

„Боли“ кога ќе ја погледнеш, зашто Лина Пејовска „гори“ од сексапил (ФОТО+ВИДЕО)

„Боли“ кога ќе ја погледнеш, зашто Лина Пејовска „гори“ од сексапил (ФОТО+ВИДЕО)

Иако се’ уште само тинејџерка, полека но сигурно, Лина Пејовска прераснува во вистинска пејачка, за која допрва ќе се слушне. Со сиот свој вокален потенцијал, русокосата малечка веќе сега сериозно почнува да излегува од зад завесата и помалку да им го „краде“ шоуто на сцена, на оние попознатите и со подолг стаж од неа во Македонија.

Но, ниту потенцијалот, ниту амбициите на Лина не се да биде позната и популарна само дома, туку регионот и регионалната сцена е она нешто што очигледно е нејзина цел и сфера на интерес. Веќе со последните настапи во Албанија и новата песна „Нека те боли“ која ја испеа на тамошната манифестација „Kenga magjike 2019“, Лина полека почна да си го трасира патот кон ѕвездите, кој воопшто не е ниту лесен, ниту послан со рози, особено не на почетокот.

 

View this post on Instagram

 

Here is my live performance?

A post shared by PEJOVSKA LINA (@pejovskalina) on

;

Паралелно со вокалните можности младата македонска пејачка пја започна и својата трансформација од слатко мало девојче во зрела девојка, од малечка во стасита мома… Естрадата тоа го бара исто колку и пеењето, па во времето кога музиката се повеќе се „слуша со очи“, Лина покажува дека и на тој план има свои адути.

Последните фотографии се најдобар доказ за тоа дека девојката со ангелски лик и моќен глас, може уште помноќно да изгледа. Без оглед дали е закопчана до грло, стегната  во модерна мантил-јакна…

…Облечена  во деколтирана црна маичка низ која срамежливо ѕирка телесниот потенцијал однапред на пејачката…

… Или последната фотографија каде русокосата убавица со на себе променета црна маичка и навлечени тесно припиени, црни кожени панталони, покажува дека телесниот раскош не и недостасува, гледано и од задна перспектива.

Едноставно, „боли“ кога ќе ја погледнеш, зашто Лина Пејовска „гори“ од сексапил! Епа… „Нека те боли“!

Останати вести од Радио Милева