Мегафон

Бојана Скендеровски и се враќа на музиката со – „Круна“… на животот (ФОТО)

Бојана Скендеровски и се враќа на музиката со  – „Круна“… на животот (ФОТО)

Бојана Атанасовска, некогаш позната само како пејачка која имала и фестивалски победи на најпознатите македонски фестивали на забавна музика како „Макфест“, албуми и големи радиски мегахитови како „Во дилема“, на пример, а од пред неколку години Бојана Скендеровски и како успешна ТВ водителка на една од најсодржајните ТВ емисии,  насловена „Улица Македонија“.

Во меѓувреме, сопруга, жена, мајка, кралица… со „животна круна“, а деновиве и со музичка… Токму онаква, како што е насловена нејзината нова песна – „Круна“ со која Бојана по паузата заради мајчинството се враќа на музичката сцена.

Круна е песна посветена на секоја жена, која во животот поминала многу премрежја, за на крајот да стигне до својата цел, да ја носи својата невидлива круна, која е само признание за силата и истрајноста која ја носи во себе…“ – кусо вели пејачката и ТВ водителка во најавата за своето ново музичко остварување со автобиографски елементи, чија медиумска промоција заедно со видеоспотот за песната, ќе се случи наскоро.

Музиката за „Круна“ е авторско дело на проверениот композитор и музичар Николче Мицевски, текстот е на уште исто така уште едно познато музичко лице, Сара Пројковска, а темата е снимана во студиото на „ХЛ на Дејан Момироски“.

Видеото кое го реализираше нејзината „Скендеровски продукција“ е снимано три дена на три различни локации, а Бојана во него е променета во креациите на познатата македонска модна креаторка, кумановката Ива Спасовска.