Радио Милева
пред својот голем животен сон

Бојан од Скопје го направи досега најемотивниот момент во „Ѕвездите на Гранд“: Ги освои сите шест гласови и ја расплака Цеца (видео)

Бојан од Скопје го направи досега најемотивниот момент во „Ѕвездите на Гранд“: Ги освои сите шест гласови и ја расплака Цеца (видео)

Најновата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ ја отвири скопјанецот Бојан Илиевски кој уште на стартот направи досега најемотивен момент во шоуто.

Со надеж дека вториот настап во натпреварот „Ѕвезде Гранда“ ќе му донесе среќа, дваесет и двегодишниот Бојан Илиевски со голема храброст зачекори на сцената на Гранд.

Со емотивната изведба на нумерите „Син“ на Шериф Коњевиќ и „Песма“ на Шабан Шаулиќ ги освои симпатиите на жирито кое го награди со шест гласа. На тоа најмногу се израдувала бабата на Бојан која со емотивни зборови им се обратила на Саша и на членовите на жирито од познатата соба на емоции.

– Јас сум неговата баба од страната на неговата мајка. Нема ни татко ни мајка, јас сум му единствена поддршка. И татко му и мајка му починале – рекла таа со грутка во грлото, по што не можела да ги запре солзите.

На Бојан му се стегна и грлото, а солзите почнаа сами да течат, додека Сања Кужет, која беше покрај него во најтешкиот момент, му понуди рамо за утеха.

Емоциите беа измешани, солзи дојдоа, а зборови на поддршка и громогласен аплауз му упатија сите членови на жирито, но и публиката во студиото.

– Баба донесе среќа, шест гласа, па тоа е одлично. Ова е за почит – истакна Саша и успеа да му донесе насмевка на лицето.

Еден од најемотивните моменти во историјата на „Ѕвезда Гранда“ не го остави рамнодушен ниту Саша Поповиќ, а со зборови на поддршка ги допре срцата на сите, особено на младиот Бојан, кој доби голема шанса да го промени својот живот. Негов ментор ќе биде Цеца Ражнатовиќ која го охрабри и поздрави Бојан со солзи во очите.

– Специфична е ситуацијата, но Бојан, гледаш „Ѕвезде Гранда“ се едно големо семејство, затоа добивте едно големо семејство, многу пријатели, трудете се многу и ви честитаме што се пласиравте во вториот круг – објасни Поповиќ, по што младиот човек конечно се насмевна и со голема гордост ја напушти сцената на Гранд, подготвен да почне да го остварува најголемиот животен сон.

фото:Јутјуб принтскрин

Останати вести од Радио Милева