Живот и Стил

Боја која ќе ја одбележи оваа зима: 5 модни комбинации во бојата на сонцето

Боја која ќе ја одбележи оваа зима: 5 модни комбинации во бојата на сонцето

Студените и мрачни зимски денови понекогаш бараат посветли бои на гардеробата, а сите нијанси на жолта ќе бидат во тренд оваа зима. Бојата на сонцето носи ведрина и радост, а модните парчиња во оваа боја ќе направат да се чувствувате подобро.

Модните експерти ве советуваат во зимските месеци да додадете барем некој жолт детаљ во комбинациите на облека.

1. Жолта „од глава до пети“

Едноставен комбинезон во жолта боја со интересен ремен со животински принт ќе направи да изгледате привлечно.

2. Опуштена варијанта за попладневна прошетка

Црните рамни патики, тесните панталони и маичката во иста боја ќе изгледаат совршено доколку ги „скршите“ со жолта јакна од вештачко крзно.

3. Еден детал е доволен

Кога станува збор за силните бои, понекогаш е доволен само еден детал за да изгледате елегантно. Црна гардероба со која ќе понесете жолта чанта ќе направи да изгледате елегантно.

4. Комбинација на материјали

Некогаш беше незамисливо да се комбинираат сатенско здолниште и џемпер, но оваа сезона е полн погодок во модата. Смелите дами кои ги следат трендовите ќе се осмелат да прошетаат ваков стајлинг.

5. Долго здолниште

Долго жолто здолниште во комбинација со кошула со машна е вистинскиот избор за да изгледате интересно во секоја прилика.

извор: попара.мк