Живот и Стил

Боја која ќе ја одбележи 2022 година: Одлично ѝ прилега на секоја жена и зрачи со луксуз и елеганција

Боја која ќе ја одбележи 2022 година: Одлично ѝ прилега на секоја жена и зрачи со луксуз и елеганција

Оваа година ќе биде во знакот на нежните, но воедно и многу моќни бои, а една од нив ќе доминира во сите годишни сезони.

Како што велат модните експерти, виолетовата боја ќе биде хит во наредните месеци, а она што е добро кај неа е што одлично прилега на сите дами – без разлика дали сте русокоса, црнка, бринета, па дури и црвенокоса.

Во тренд ќе бидат сите парчиња во оваа боја, од панталони преку здолништа и фустани па сè до аксесоари. Ќе се носат сите нијанси, а на вас останува само да ја изберете онаа која ви е најомилена.

Веќе можеме да забележиме бројни трендсетерки во стајлинзи во кои виолетовата боја ја игра главната улога, а доколку не сте сигурни како најдобро да ја искомбинирате, погледнете ги фотографиите во продолжение: