Радио Милева
сериозна понуда

Богат Србин во Америка ја запросил Наташа Беквалац, а еве како пејачката реагирала на предлогот за брак (фото)

Богат Србин во Америка ја запросил Наташа Беквалац, а еве како пејачката реагирала на предлогот за брак (фото)

Пејачката Наташа Беквалац неодамна се врати од Америка каде беше на голема турнеја, а колку е популарна и на друг континент говори и податокот дека поп ѕвездата наводно добила предлог за брак.

Според извор за „Ало“, по настапот во Чикаго. пејачката ја запросил бизнисмен кој поседува транспортна компанија.

-Наташа првпат настапува во Америка, билетите за сите настапи се распродадени во рекордно време, клубовите преполни, а сопствениците пресреќни од заработката. Таму живеат многу луѓе од просторот на поранешна Југославија кои се желни за локална музика, а Наташа е позната по добриот глас, но и по одличната атмосфера што ја создава на своите настапи – рекол изворот, кој потоа открил како посилниот пол реагира на Беквалац.

-Мажите одлепија по Наташа. Сите и се додворуваат, на секој начин се обидуваат да стапат во контакт со неа и да ја запознаат. На настапите и праќаат пијачки за да ја импресионираат, но таа само учтиво се насмевнува и му вели на келнерот да се заблагодари, но дека не прифаќа пијалоци од гости. Еден господин бил толку воодушевен од неа што ја запросил, рече изворот, и открил кој е новиот додворувач на Беквалац.

-Зборуваме за Србин кој со децении живее во Чикаго, таму израснал. Тој е сопственик на транспортна компанија и поседува десетици камиони. Тој е исклучително богат и успешен во својот бизнис. Успеал да и пријде на Наташа на еден настап и потоа ја замолил да се омажи за него, објаснил соговорникот, и открил како пејачката реагирала на предлогот за брак.

– Наташа почна да се смее и во нејзин стил му одговори дека и е доста од бракови и дека нема намера повторно да се заебава на истиот начин. Таа тоа го сфати како шега и не придаваше значење, иако тој подоцна им кажа на пријателите дека сериозно  ја запросил – додава изворот.

фото:Принтскрин/Инстаграм/Наташа Беквалац

Останати вести од Радио Милева