Мегафон
празник

Бог се јави – навистина се јави: Православните верници го слават Богојавление – Водици

Бог се јави – навистина се јави: Православните верници го слават Богојавление – Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден.

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Грците овој празник го нарекуваат Богојавленија множината укажува дека во себе ги собира сите богојавленија од почетокот на светот и векот; а за време на крштевањето на Исус Христос Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети.

Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.