Радио Милева
пријателство

Боба Живојиновиќ за искуството со принцезата Дајана: „Горд сум што ја познавав“

Боба Живојиновиќ за искуството со принцезата Дајана: „Горд сум што ја познавав“

Вчера (31.08.2021)  се наполнија 24 години од смртта на принцезата Дајана. И покрај годините кои поминаа, не бледат спомените за познатата принцеза, а нејзиното семејство се труди овој ден секогаш да го одбележи.

Британската принцеза освен тоа што беше многу сакана во светот, таа беше добра пријателка со Боба Живојиновиќ.

Познатиот спортиста во една прилика истакна дека му била огромна чест што ја запознал кралицата Дијана пред почетокот на Вимблдон во 1987 година.

„Навиваше за мене од трбините иако кралскосто семејство имаше ВИП позиција. Голема е работа кога на натпревар ќе дојде да те бодри личност како неа“, изјави Живојиновиќ и истакна дека биле добри пријатели.

„Беше прекрасна жена, нејзината големина беше во тоа што сите нормално комуницираше. Нашите долги разговори беа за секојдневни работи и нашите деца. Филип е возрасен како нејзиниот син Хари. Филип исто така ја запозна. Кога му кажав дека е принцеза, ништо не му беше јасно.  Тој е како дете, принцезите ги замислува како во бајки, во долги раскошни фустани“.

Боба сеќавањето на принцезата Дајана го заврши со реченицата: „Горд сум што ја познавав“.

фото: еток/часлав вукојиќиќ/ твитер

Останати вести од Радио Милева