Промотер

Блаж Маротов не потсети на убавите години и посака – „Нека се вратат времиња златни“ (ВИДЕО)

Блаж Маротов не потсети на убавите години и посака – „Нека се вратат времиња златни“ (ВИДЕО)

Реномираниот македонски музичар и пејач Благој Блаж Маротов има нова песна… Малку поразлична од неговиот претходен опус со наслов: „Нека се вратат времиња златни“.

Песната е како што гласи насловот, со позитивна весела содржина и во текстот, и во музиката и аранжманот, па  дури и видеоспотот за неа е така искреиран.

Инаку е сниман на неколку познати скопски локации, кои го обележуваат животот низ годините и на кои долго време (многу различно од денес), поминавме убави незаборавни мигови. И не само таму, туку  во сите други места околу нас, во нашето опкружување и пошироко… Затоа не попусто носталгијата по нив, по старите добри „златни времиња“.

Музика, аранжман, снимањето на песната ги направил самиот  Блаж Маротов, додека текстот го напишал Цане Трајчевски, а продукцијата ја потпишуваат „Бранови“.

Останати вести од Промотер