Промотер

Благица Ѕунѕуровска „посјајна и од на небо ѕвездите“ пее во – „Види ме“ (ВИДЕО)

Благица Ѕунѕуровска „посјајна и од на небо ѕвездите“ пее во – „Види ме“ (ВИДЕО)

Младата пејачка и јутуберка Благица Ѕунзуровска пошироата јавност ја запозна уште пред неколку години, кога како слатко мало девојченце од Македонија успеа да победиво регионалното музичко шоу „Некои нови клинци“.

По победата Благица се појави и во „големото шоу“,  на „Ѕвездите на Гранд“ каде се претстави одлично и заслужено далеку дотурка.

По бројните снимени кавери и неколку свои песни,  како „Без тебе“ или „Не е фер“, младата пејачка има нова песна. Таа со видеоспот го промовираше своето најново музичко остварување асловено  „Види ме”.

Песната е комплетно дело на младата пејачка, додека пак аудио мастерингот и видео спотот ги реализираше Александар Комненовиќ. Видеото е снимено во Скопје, во Скопје Евент Центар.

 

Се разботи за интересна, модерна, хитовска летна песна, токму каква што и прилега на возраста на младата талентирана пејачка, која стилски продолжува во зададениот правец кој самиот си го поставила.

Она што е евидентно дека таа и авторки и музички и пејачки полека созрева, па не чудно наскоро и со популарноста сериозно да ги загрози своите врснички од типот на Антониа Г. или Мартија С. кои од неа се медиумски далеку поекспонирани и попознати… Но очигледно, само сега за сега.

Во продолжение, проследете ја песната и погледнете го видеоспотот насловени по она што Благица ви порачува дека  треба да го направите кога е таа во прашање  – „Види ме“:

Останати вести од Промотер