Промотер

Битолската пејачка и актерка Тамара Стојковска ја промовираше – „Не ме оставај“ (ВИДЕО)

Битолската пејачка и актерка Тамара Стојковска ја промовираше – „Не ме оставај“ (ВИДЕО)

Младата битолска актерка и пејачка Тамара Стојковска по пауза од ечиси две години има нова песна. Тамара е музички педагог по вокација, со пеење се занимава од седумгодишна возраст, а освен со музика се занимава и со глума во театарот Дел Арте во Битола.

По соработката со бендот „Страна Б“  членувањето во хорот ,,Про Арс”, Тамара реши да ја турка и својата соло кариера као пејачка, па како резултат на таа нејзина амбиција е и новата песна насловена „Не ме оставај“.

Музиката и аранжманот се на познатиот и проверен музичари автор Никола Мицевски, текстот на исто така докажаната Весна Малинова, а песната е снимена во студио XL Момироски. Продуценти се Никола Мицевски и Дејан Момироски.

Запесната е снимен и видеоспот реализиран од  Пеце Здравковски и Ѓорги Вацев. Кореографијата во видеото е дело на  Татјана Николова Зурзо и Јоана Благадуша, акако сето тоа звучи и изгледа преслушајте и погледнете во продолжение: