Радио Милева
необично

Безбедноста на прво место: Еве како водителката го заштити микрофонот од ветер и дожд (фото)

Безбедноста на прво место: Еве како водителката го заштити микрофонот од ветер и дожд (фото)

Една репортерка од Флорида го привлече вниманието на гледачите кога на нејзиниот микрофон беше забележан кондом додека на отворено известуваше за ураганот Иан.

Кајла Галер од NBC 2 известуваше за ураганот од паркингот во Форт Мајерс, Флорида, и го заштити својот микрофон на необичен начин, предизвикувајќи голем број коментари на Твитер.

„Ен-Би-Си 2 обезбеди микрофон за време на известувањето за ураганот Иан“, напиша еден од гледачите на Твитер.

– Ен-Би-Си всушност покажа жена која пред лицето држи микрофон спакуван во кондом – напишал друг.

Како што се вжештуваше приказната, Галер се обиде да се одбрани на Инстаграм.

– Многу луѓе прашуваат што има на мојот микрофон – рече таа.

-Тоа е тоа  што мислите дека е. Тоа е кондом. Помогна да се заштити опремата. Овие микрофони не смеете да ги навлажните. Има многу ветер и многу дожд, па мораме да го направиме она што можеме, а тоа е да ставиме кондом на микрофонот – изјави Галер.

Нејзиниот колега, Џеф Бутера од ABC 7, потоа на Твитер сподели фотографија од нејзиниот микрофон одблиску со саркастичен коментар.

– Практикуваме безбедно известување за урагани. Да, тоа е кондом. Ништо подобро за заштита на микрофонот од вода – напиша тој.

Останати вести од Радио Милева