Живот и Стил

Без шеќер, брашно, масло за јадење: Чоколаден колач кој брзо и лесно се прави

Без шеќер, брашно, масло за јадење: Чоколаден колач кој брзо и лесно се прави

Прoбајте го овој феноменален рецепт кој не содржи ниту грам брашно.

Овој чоколаден колач се подготвува брзо, едноставно, а основните состојки се банани и какао во прав, а слободно може да си направите дупла мера, доколку сакате колачот да биде поголем.

Состојки:

2 банани;
40 грама какао во прав;
5 грама прашок за печиво.

За глазура:

80 грама темно чоколадо;
30 милилитри слатка павлака.

Подготовка:

Исечете ја бананата на кругови, па ставете ги парчињата во блендер заедно со какаото и печивото. Добро изматете ја смесата додека не стане течна.

Ставете ја смесата во мал калап, на претходно обложен калап со хартија за печење, па ставете ја во рерна.

Направете ја глазурата така што ќе го измешате темното чоколадо и слатката павлака, па ќе ги ставите во микробранова печка да се стопат (околу 2 минути).

Тортата извадете ја на чинија, извадете ја хартијата за печење, па прелијте ја со глазурата.

Почекајте малку да се излади, исечете, па уживајте во неодоливиот вкус!

извор: курир.мк