Радио Милева
од микрофон до катедра

Беше пејачка на мегапопуларното дуо „Моби Дик“, во еден од спотовите имаше вистински секс сцени со партнерот, па потоа се обиде и соло и на крај сосема ја снема (ВИДЕО)

Беше пејачка на мегапопуларното дуо „Моби Дик“, во еден од спотовите имаше вистински секс сцени со партнерот, па потоа се обиде и соло и на крај сосема ја снема (ВИДЕО)

Во почетокот на деведесеттите години, српската денс сцена беше полна со бендови кои станаа познати и во регионот. Една од најпопуларните беше групата „Моби Дик“.

Освен фронтменот на групата Срѓан Чолиќ, прва пејачка во дуото беше Ана Станиќ, која откако си замина ја започна својата соло кариера, а нејзиното место го зазеде згодната русокоса Александра Перовиќ.

„Моби Дик“ снимаа и интересни видеа за своите денс хитови, а едно однив остана запаметено по тоа што сексот во спотот навистина бил реален! Се работи за познатиот хит на дуото  кој се пее и денес, а носи наслов „Љубоморен“. Како што еднаш изјави фронтменот Срѓан Чолиќ, тој бил во врска со двете пејачки на „Моби Дик“… И со Ана Станиќ и со Александра Перовиќ, а во спотот за „Љубоморен“ жешката сцена тој ја (сн)имал токму со Александра.

После многу хитови и концерти, Александра реши да тргне по својот пат, па започна соло кариера, но набргу сосема се откажа од музиката.

Кога го роди синот Павле, Александра целосно се повлече од музичката сцена, а денес е успешна професорка и сега предава спортски менаџмент на еден приватен универзитет.

Останати вести од Радио Милева