Радио Милева
радикален животен пресврт

Беше млад, убав, надежен и талентиран српски актер но и познат рокер, пред да се замонаши: Вака изгледа денес и го носи името Иларион

Беше млад, убав, надежен и талентиран српски актер но и познат рокер, пред да се замонаши: Вака изгледа денес и го носи името Иларион

Поранешниот актер Растко Лупуловиќ (47) се замонаши и го зеде името Иларион. Роден е 1974 година во Белград, а љубителите на филмската уметност го паметат по улогите во филмовите „Ќе биде подобро“ и „Пакет аранжман“, серијата „Отворени врати“, додека театарската публика го памети не само по неговите одлични улоги, туку и по наградата за актерска бравура „Зоран Радмиловиќ“, што ја доби на „Стеријно Позорје“ во Нови Сад во 1996 година.

Растко Лупуловиќ дипломирал на Факултетот за драмски уметности и бил еден од водечките актери од својата генерација, но и закоравен рокер, член на бендот „Канда, Коџа и Небојша“.
Во интервјуто што го даде неколку месеци откако стана монах во 1996 година, тој рече дека поради заради случајни околности почнал да оди во црква, а токму тоа му помогнало да се „спушти на земја“.

„Најважно за мене беше моето преобраќање во христијанство. Случајно почнав да одам во црква. Ми помогна да се спуштам на земја од некои мистифицирани облаци. Општо земено, христијанско-православие е мојата најблиска определба. Се чувствувам исполнет. Рок ен ролоот е некаде во согласност со општиот начин на живот, општата површност. Кога одев на Академијата,  ќе се испукав и доаѓав дома празен и тап. Одам на литургија со исто расположение, со потреба да доживеам катарза, но се враќам дома среден и спокоен… Затоа луѓето ја губат таа креативна линија во рокот, откако ќе се истрошат и толку…“  – изјави тогаш Растко, односно сега отец Иларион.

Останати вести од Радио Милева