Радио Милева
си уловиле ручек

Бекамови ги „распнаа“ на социјалните мрежи- еден детаљ од сликите ги налути следбениците па почна салва на напади (фото)

Бекамови ги „распнаа“ на социјалните мрежи- еден детаљ од сликите ги налути следбениците па почна салва на напади (фото)

Семејството Бекам изгледа ужива на одморот во Хрватска. Но, имаше и такви кои се противеа на тоа уживање.

Имено, Викторија Бекам објави фотографија од чамецот на кој нејзината ќерка Харпер и нејзиниот сопруг Дејвид позираат прегрнати, а пред нив има дваесетина ежиња, од кои некои очигледно ги изеле.

Ежињата на бродот на Бекамови им пречеа на некои следбеници на Викторија , па ја нападнаа во коментарите.

„Зошто убивте толку ежови“, „Ова ќе живееше 100 години на Јадранот, а потоа дојдоа Бекамови…“, „Токму на тоа мислам, ежовите се загрозени“, се коментарите подолу под фотографијата на таткото и ќерката.

Поради ежовите во коментарите настана вистинска војна, бидејќи имаше и такви кои ги бранеа Бекамовите и нивната консумација на ежови.

Патем, вадењето ежиња не е забрането, но е ограничено за лична употреба.

Ова не е единствената фотографија од Хрватска која Викторија ја објави.

Покрај фотографијата со ежиња, Викторија Бекам објави уште неколку фотографии од Лопуд. На една од објавите на Викторија може да се види и нивниот син Круз кој скока од карпите во морето.

А на друга се гледа како Дејвид Бекам е прегрнат од нивната ќерка Харпер.

„Среќен викенд! Бакнежи од Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата.

 

Таа откри и дека таа и Дејвид се опуштиле со пијачка.

„Пижами и малку вотка“, напиша таа покрај фотографијата со сопругот.

Да потсетиме, Бекамови пристигнаа во Хрватска на одмор и останаа околу областа Дубровник па престојуваат во луксузен комплекс на Лопуд.

Фото:Принтскрин/Инстагарам/victoriabeckham

Останати вести од Радио Милева