Радио Милева
афера

Барбара Бобак е во врска со оженет маж: Неговата сопруга ги открила деталите (фото)

Барбара Бобак е во врска со оженет маж: Неговата сопруга ги открила деталите  (фото)

Пејачката и поранешната сопруга на Дарко Лазиќ, Барбара Бобак од ова лето се гледа со оженет маж, пишува Курир рс. По оваа информација тие стапиле во контакт со неговата сопруга (додека името и презимето редакцијата ги задржала). Бобак ја обновила врската со нејзиното поранешно момче, кое сега е во брак. Неговата сопруга тврди дека во август дознала дека и работат зад грб, но дека сега решила да ја разоткрие пејачката поради настанот кој се случил неодамна.

– Со сопругот бевме на приватна прослава. Дојде Барбара. Во еден момент маж ми ја плесна по задникот, мртов пијан. Таа му се насмевна. Можеше да му удри шлаканица, да рече: „Здраво мајмуне, дали си нормален“, но не, се насмевна младата госпоѓа – раскажала таа и  продолжила:

– Се спакував и си  заминав, а тие двајцата останаа уште малку , по што завршија во нејзиниот стан, до три часот наутро. Да го  знаев ова тогаш, ќе направев хаос. Почнаа да се гледаат во август. Тие тоа го нарекоа психотерапија. Ете, тага.

Таа вели дека нивната преписка ја нашла во август.

– Ги имам тие пораките. Ги фотографирав. И испратив порака да оди кај психотерапевт и нему да му раскаже колку пијана и дрогирана сака да носи оженети мажи. Таа тогаш се исплаши, а јас ја блокирав насекаде. После тоа, не забележав дека продолжи да контактира со мојот сопруг, сѐ до неодамна. Ја одблокирав и повторно и испратив порака „Еднаш те предупредив“ – вели измамената сопруга.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/ Инстаграм

Останати вести од Радио Милева