Промотер

„Банкрот блуз бенд“ ја визуелизираа нивната блуз врзија на старата фестивалска тема – „Починка“ (ВИДЕО)

„Банкрот блуз бенд“ ја визуелизираа нивната блуз врзија на старата фестивалска тема – „Починка“ (ВИДЕО)

Песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“ доби и своја видео приказна. Спотот, кој е премиерно пуштен во етерот, е снимен на  во кафе-барот „Олд Скул“ во центарот на Скопје, а го режирал Димитар Маневски.

По цели 30 години, Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе, обединети во легендарната македонска група „Банкрот блуз бенд“, се собраа повторно за да му оддадат почит на големиот писател и лингвист и да дадат свој придонес во одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Конески со убава македонска песна.

Инаку песната за прв пат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, од легендарната словенечка џез пејачка Зденка Ковачичек. На стиховите на големиот Конески, автор на музиката е познатиот македонски композитор Љупчо Константинов.

Харе, Пепи и Гиш со своето реобединувањесе вистинско освежување на македонската музичка сцена. Додека се надеваме дека наскор од нив можеме да очекуваме уште грст нови песни, проследете како звучи и изгледа „починка“ во нивната нова блуз верзија.