Изминатата недела поп-пејачката Каролина Гочева на својот официјален профил најави нешто ново во поглед на нејзината музичка кариера, а деновиве на нејзините профили на социјалните мрежи се најде аудиото на новата песна насловена „Џеб са тајнама“.
-Драго ми е што сум дел од еден многу убав и интимен проект насловен „Џеб са тајнама“ на Момчило Зековиќ кој пред неколку дена беше промовиран во Подгорица. Феникс е песната која ја обработивме посебно за оваа прилика, се надевам ќе имаме и можност да ја изведеме во живо, напиша Каролина на својот Фејсбук профил.
Инаку, музиката и текстот се на Момчило Зековиќ, а снимена е во студиото „Мusicland“Подгорица и „ХЛ Момировски“, во Скопје.
Еве како звучи:
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.