Радио Милева
да ја немаше ќе требаше да ја измислиме

Атиџе Муратова покрај новогодишната елка е права дама (фото)

Атиџе Муратова покрај новогодишната елка е права дама (фото)
фото: фејсбук/сузана турунџиева

Атиџе Муратова од документарниот филм „Медена земја“ ги освои срцата на луѓето ширум Македонија.

Покрај, многубројни други работи, таа сигурно 2020та ќе ја памети по нејзиното учество на Оскарите во феверуари во Лос Анџелес.

Тогаш, хероината од „Медена земја“, стана вистинска атракција како за македонските, така за регионалните, но и светските медиуми.

Постојано може да прочитаме нешто ново – старо за Атиџе.

Добро познато е дека и Сузана Турунџиева летото ја посети Атиџе во нејзиниот дом и станаа пријателки, а како што исткна тоа е нешто најубаво што и се случило во оваа 2020та година.

Пријателството меѓу Сузана и Атиџе продолжува, па двете дами често се дружат, а тие моменти ги овековечуваат со заеднички фотографии.

Така, неодамна Сузе сподели фотографија од нејзината пријателка Атиџе која стои покрај новогодишна елка, облечена во долг фустан и со фризура.

фото: фејсбук/сузана турунџиева

Двете дами новогодишно расположени исто така заедно и запееја.

Атиџе се фотографираше и покрај новогодишна елка и Дедо Мраз, а нејзината пријателка ја објави фотографијата и во описот напииша емотивна порака:

„Од накит има само очи… ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА!Да ја немаше, ќе требаше да ја измислиме“.

фото: фејсбук/сузана турунџиева

Сигурни сме дека пријателството на двете дами ќе продолжи и во 2021 година и во истата ќе имаат уше многу заеднички работи.

Среќни празници.

Останати вести од Радио Милева