Мегафон

„Ареа“ со концертна турнеја ќе го одбележат 30-годишниот јубилеј

„Ареа“ со  концертна турнеја ќе го одбележат 30-годишниот јубилеј

30 години Ареа. 30 години успешна рокенрол приказна. 30 години создавање на македонска музика. 30 години коцерти и дружење со публиката.Настапите кои оваа година ќе ги одржиме ќе бидат составен дел од турнејата 30 Години Ареа, а дел од нив ќе бидат во акустична верзија, сѐ со цел да бидеме поблиску до публиката, песните да звучат поинтимно и поблиску до моментот кога настанале.

„Ве покануваме да бидете дел од овој јубилеј, заедно да ги отпееме: Сите мои слики, Одведи ме, Нешто недостасува, Пријател, Фрекфенција на љубовта и многу други, да ја славиме љубовта заедно и да ни бидете поттик за наша натамошна работа“ – порачуваат членовите на бендот.

Групата Ареа својот прв настап го имаше на Поп Рок Фестивалот 1992 година, каде што освои прва награда од жири и го сними својот прв албум “Случајно тука”, албум кој беше прогласен за деби албум за 1992 година.
Оттогаш, па до денеска групата реди голем број на успеси како ретко кој во Македонија: двапати го полнат Скопскиот саем, неколку пати Универзалната Сала, Амфитеатрите во Охрид и Битола, настапуваат на рок фестивали низ Македонија и Балканот, одржуваат концерти секаде низ Македонија сѐ до ден денес.
Настапувале на иста бина со Лени Кравиц, Групата Тексас, Стерео МЦ и имале заеднички концери со Психомодопоп, Прљаво Казалиште, Бајага и многу други.

До сега имаат издадено 6 албуми, а новиот албум, 7-ми по ред, ќе биде промовиран во оваа година. Успешната музичка приказна 30 години АРЕА започнува во сабота на 16 Април во Елемент – Кавадарци! Влез 21:00ч.