Промотер

„Ареа“ одбележуваат 30 години постоење со нов албум и пилот сингл – „Ангелу мој“ (АУДИО)

„Ареа“ одбележуваат 30 години постоење со нов албум и пилот сингл – „Ангелу мој“ (АУДИО)

Култниот македонски рок бенд „Ареа“ по долга пауза во јуни минатата 2021 година ја промовираше својата нова песна, насловена  „Отсекогаш“ со која тогаш го најавуваа  шестиот студиски албум на бендот, кој беше во завршна фаза на подготовки и требаше да очекуваме да се појави до крајот на годината, но до тоа не дојде.

Во меѓувреме, на почетокот на новата 2022 „Ареа“ се појавија со уште една нова песна, нов сингл кој носи наслов „Ангелу мој“. Песната е блуз рок балада, и како што соопштија од групата, ќе биде дел од нивниот нов албум чије излегубвање беше пролонгирано за годинава, а членовите на бендот одново најавуваат дека ќе се појави наскоро.

„Ви ја претставуваме нашата нова песна со наслов „Ангелу мој“, овој пат тоа е блуз рок балада, која ќе биде дел од нашиот нов албум кој наскоро треба да го издадеме и со нова музика да одбележиме 30 години на македонската музичка сцена“, велат од „Ареа“.