Радио Милева
Во свој свет на уверувања

Апсурдна причина зошто Џенифер Лопез избркала една од танчарките на аудиција

Апсурдна причина зошто Џенифер Лопез избркала една од танчарките на аудиција

Американската танчарка и актерка Хедер Морис го споделила своето непријатно искуство со Џенифер Лопез, кога била исфрлена од аудиција поради нејзиниот хороскопски знак.

Морис која со години работела како професионална танчарка, се пријавила на аудиција кај Лопез, но таа за неа завршила побрзо од очекуваното.

Во поткастот „Just Sayin’ with Justin Martindale“, Хедер раскажала дека Џеј Ло се појавила вториот ден во просторијата со зборовите: „Ви благодарам многу, сите напорно работевте. Ако има Девици во оваа просторија, може ли да подигнете рака?“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Тогаш, како што вели Морис, Лопез нешто ѝ шепнала на својата асистентка, а потоа им се заблагодарила на танчарите кои се родени во овој хороскопски знак, откривајќи дека тие морале да ја напуштат просторијата.

Во текот на поткастот, актерката од серијата „Glee“ открила и колку всушност била напорна аудицијата, што го зголемил апсурдот на селекцијата со која Лопез се користела за да ги избере танчарите.

„Не добивате плата, таму сте од 10 часот наутро па се до 18 часот, а луѓето постојано ве осудуваат“, рекла Хедер.

Нејасно е зошто славната пејачка очигледно не е љубител на лицата родени во знакот на Девица, но интересен е фактот дека во овој хороскопски знак е роден Марк Ентони, нејзиниот поранешен сопруг со кој ги има близнаците Ема и Макс.

фото:Profimedia/Instagram

Останати вести од Радио Милева