Лице в Лице

Антонио Димитриевски: Ова денес е далеку од вистинско новинарство, само еротиката и црните вести најмногу палат и најдобро поминуваат (ВИДЕО)

Антонио Димитриевски: Ова денес е далеку од вистинско новинарство, само еротиката и црните вести најмногу палат и најдобро поминуваат (ВИДЕО)

Антонио Димитриевски цели 33 години е дел од македонските медиуми. Кариерата ја почна како новинар во весникот „Млад борец“, но стана популарен во 90-те кога ги водеше емисиите „Пулсирања“ и подоцна „Шоуто мора да продолжи“ на Македонската телевизија. Беше првите неколку години од основањето дел од екипата на магазинот „Фокус“, работеше и на радио, а речиси последните десет години е уредник на порталот Вистина.ком.мк… И по повеќе од три децении откако се занимава со новинарство, Димитриевски вели дека со истиот елан и денес оди на работа.

„Луѓето имаат хоби, а јас своето го претворив во професија. Дарбата за пишување ми е наследена од мајка ми, која имала литературни амбиции, но не станала позната писателка. А кај мене цело време некако се прелеваа музиката и новинарството“ – ни раскажа Антонио, чии наслови напишани во рима и со доза на еротика привлекуваат внимание на прво читање.

Антонио порано пишуваше песни и за албумот „Оган под ѕвездите“ на култниот скопски бенд „Меморија“. Тој беше еден од оснивачите и тапанар во првиот состав на бендот и со многу емоции се сеќава на времето кога беа меѓу најпопуларните групи во Македонија и надвор од неа.

„Кога ги правевме песните пред триесетина години не знаевме дека тие ќе се слушаат и денес. Добрата песна го наоѓа патот до публиката. Јас одамна не свирам и иако тоа не се заборава, не излегов со нив на бината. Го работев комплетниот ПР за концертот, но и се радував како мало дете кога ги гледав од публика. И иако знаев што ќе свират следно и како ќе тече концертот, тоа чувство не се опишува“- раскажува Димитриевски.

Ретко зборува за приватниот живот, но сепак за „Репортер“ сподели по нешто за сопругата и ќерката.

„Со мојата сопруга сме излегувале на исти места и така почна нашата љубов, иако таа знаеше кој сум и пред да се запознаеме“. Има и ќерка тинејџерка која ја наследила неговата дарба за пишување.

„Има осет за литература и Македонски јазик, тоа ѝ лежи. Искрено, не би сакал да биде во овој еснаф. Ако сепак реши да се занимава со јавна професија максимално ќе ѝ помогнам, ама ќе бидам и максимално несреќен заради нејзиниот избор“- искрен е тој.

Муабетите со Антонио немаат крај. Од музичките манифестации „12 Величествени“ и „МАРС“ што ги организираше, преку годините што ги помина во МРТ, до тоа каде е и што работи денес и колку е успешен во својата работа. Кој е Антони Димитриевски и зошто еротиката и црните вести најмногу палат и најдобро поминуваат…

Дознајте од видеоинтервјуто:

Останати вести од Лице в Лице