Промотер

Антониа Гиговска потона во љубовна – „Атлантида“ (ВИДЕО)

Антониа Гиговска потона во љубовна – „Атлантида“ (ВИДЕО)

Една од нашите најталентирани и најнадежни поп пејачки – Антониа Гиговска пред неколку дена ја објави нејзината најнова песна насловена „Атлантида“ и истата веднаш се најде на речиси сите топ-листи на радиостаниците во земјава.

Како и за претходните песни, така и за оваа познатата пејачка соработуваше со Лазар Цветкоски, додека пак текстот повторно е дело на раперот Тајзи.

„Идејата за оваа песна беше на Лазар Цветкоски, бидејќи него многу го интересираат приказните за Атлантида и од таму е идејата. Јас сум презадоволна од песната, спотот. Некои можеби ќе кажат дека е „обична“ песна, но за тие што го мислат тоа објавивме уште една верзија на песната, односно „sad version“(тажна, баладична верзија),  па која од двете повеќе им се допаѓа, таа нека ја слушаат“ – вели Гиговска.

Како и за останатите песни, така и за оваа Антониа и нејзиниот тим одлучија да снимаат видеоспот за новата песна. Како режисер на видеото се потпишува младиот и талентиран Томислав Живковиќ, а истиот се снимаше во Грција, Галичник и македонската престолнина – Скопје.

Инаку Антониа летово има закажано доста настапи, а тоа е одлична прилика да ја слушате и видите во живо една од нашите најталентирани пејачки…

Во меѓувреме проследете ја нејзината љубовна „Атлантида“: