Радио Милева
блиски или „ептен блиски“?

Антониа Гиговска откри во каква релација е со Милан Станковиќ (фото)

Антониа Гиговска откри во каква релација е со Милан Станковиќ (фото)
фото:инсатграм/антониагиговска

Младата пејачка Антониа Гиговска е една од најистакнатите учесници во музичкиот натпревар „Пинкови ѕвездички- all stars“, а слободно може да се каже дека таа е меѓу фаворитите за победа.

Освен по талентот за пеење и ласкавите коментари кои ги добива од жирито, Антониа деновиве со неколку  заеднички фотографии со српскиот пејач и член на жирито, Милан Станковиќ, ги подгреа гласините дека меѓу нив можеби има и нешто повеќе.

На приложените фото-моменти изгледаат прилично блиски, а авидентно е дека им годи и заедничкото дружење. Но, дали кај Антониа и Милан „гори од љубов“ или станува збор само за „евтини приказни“, нашата млада пејачка одговори преку едно од прашањата кои ги доби од фановите на Инстаграм.

И нејзините обожаватели се заинтересираа дали има нешто повеќе од пријателство со српскиот пејач, а Антониа ги удостои со одгдовор, иако по малку резервиран. Таа преку видео на кое самата се снимаше одговори:

„Нормално дека се само гласини. Милан ми е многу близок, приватно сме ОК, така што… нема врска, само гласини“ – вели Гиговска.

Релација судија- натпреварувач или пријател и пријателка, стојат и двете, но стои и тоа дека Милан и е многу близок на Антониа, како што кажа и самата.

 

 

 

Останати вести од Радио Милева