Радио Милева
славеничка...

Антониа Гиговска наполни 21 година: Грст роденденски честитки од конкуренцијата млади пејачки, кои покажаа дека всушност и се најдобри другарки (ФОТО)

Антониа Гиговска наполни 21 година: Грст роденденски честитки од конкуренцијата млади пејачки, кои покажаа дека всушност и се најдобри другарки (ФОТО)

Македонската поп пејачкаод помладата гарда, Антониа Гиговска на 21 јануари слави роденден… На дамите велат не им се бројата годините, ама на девојчињата се’ уште може. Денот роденденски ја дочека со снежно утро и грст роденденски честитки. Оние од дома од семејството и најмилите, од останатите од фамилијата, другарките, пријателките, момчето…

Кога сме веќе кај него, нејзината посилна половина последниве две и пол години и нешто ситно, Иван Јованов, колегата по професија, пејач на групата „Либеро бенд“ беше меѓу првите, ако не и првиот, кој веднаш во првите минути по полноќ и испрати роденденска честитка на својата сакана Антониа преку својот Инстаграм, а потоа истата осамна и во приказните на нејзиниот. Честитката зачинета со заедничка летна фотографија за да и ја загрее вечерта и емотикони со љубов и бакнежи, за да и го стоплат срцето на славеничката.

И ако од љубениот тоа и е очекувано, од музичката конкуренција, особено онаа женската, а и генерациски блиската, беше вистинско изненадување роденденското честитање. Но само за неупатените, зашто она што следуваше очигледно покажува дека младите македонски поп пејачки во Македонија само навидум се конкуренција, зашто покрај тоа што се потенцијални пејачки марки,  всушност тие се и најдобри другарки!

Прва од нив со својата роденденска честитка кон Антониа се огласи младата кумановка Мартија. Наместо да „си вадат очи“  што е честа појава на балканската естрада, тие заедно минуваат денови и ноќи, дружејќи се, забавувајќи, а неретко и заедно пеејќи.  Затоа и Мартија со заедничка фотографија на Антониа и го честиташе меѓу првите роденденот.

Утрината и другите млади македонски колешки од поп естрадата испратија видео и фото пораки со роденденски желби на социјалните мрежи.

„Среќен роденден лудо-лудаааааа“ – и порача Лина Пејовска во својата Инстаграм честитка.

Со ретро фотографија на која се тие двете во годините кога се уште биле деца, роденденот и го честиташе и пејачката Барбара Поповиќ.

А за да не биде дека само пејачките и упатиле роденденски честитки се погрижи уште едно момче, кое не е од естрадата, ама естрадата, особено оваа помладата,  често  со задоволство стои пред него. Или поточно пред неговиот фотообјектив, за да им ги направи едни од највозбудливите фотосесии. Уметничкиот и моден фотграф Стефан Соколовски попознат како „Бед Стеф“ со роденденска честитка во свој стил, со дупло селфи пред огледало со славеничката и роденденска порака.

Пораките продолжија да се редат во текот на целиот ден, но за тоа – во следната прилика кога ќе имаме можност да споделиме, каде и со кого се’ го прослави и како си помина „за денот што го чекаме цела година“, славеничката Антониа!

Фото: Инстаграм принтскрин/ antoniagigovskaa

 

 

 

Останати вести од Радио Милева