Радио Милева
трансформација

Антониа Гиговска ја запознавме од „Пинкови ѕвездички“, оттогаш поминаа шест години, а визуелната промена кај неа е драстична (фото)

Антониа Гиговска ја запознавме од „Пинкови ѕвездички“, оттогаш поминаа шест години, а визуелната промена кај неа е драстична (фото)

За младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска веќе слушаме,читаме и ја гледаме секојдневно во медиумскиот простор и на социјалните мрежи. Во 2016 година односно пред шест години, за првпат ја запознавме Гиговска како 14 годишно девојче кое воодушеви со својот вокален талент во „Пинкови ѕвездички“.

Тогаш со својата интерпретација успеваше и да го расплаче жирито, а токму оваа музичка платформа и беше отскочна даска за кариерата која сега и се движи во нагорна линија.

Бидејќи засега музиката и јавниот живот се нејзина примарна препкупација, таа е целосно насочена на она што се вика шоузиниз.

Антониа научи дека за оваа професија треба атрактивност, провокативност, активност и посветеност, но и визуелна атракција без која во денешно време не оди подмачкано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Затоа, таа има своја стилистка која се грижи за нејзиниот имиџ, а секој нејзин настап е доживување како за уши, така и за очи.

Неодамна Антониа и испрати роденденска честитка на своја другарка, а во прилог на честитката постави и постара нивна фотографија на која Антониа тешко да ја препознаете.

Јасно е дека пубертетот прави промени кај тинејџерите, а кај Гиговска оттогаш до денес направи доста.

Освен тоа таа ги коригираше и усните со што стаанаа модрени и волуменозни, па напревена споредба со фотографиите од пред шест години и сега, Антониа е како друга.

Сепак, таа не е од оние познати што ги кријат постарите фотографии како змија нозете, па самата ги објавува, бидејќи всушност и нема што да се крие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Младоста е убава и секој млад човек треба со гордост и полет да ја носи.

фото:Јутјуб принтскрин/Инстаграм Антониа Гиговска

Останати вести од Радио Милева