Промотер

Антониа Гиговска е на добар пат кон врвот и во – „Магла“ (ВИДЕО)

Антониа Гиговска е на добар пат кон врвот и во – „Магла“ (ВИДЕО)

„Магла“ е насловот на најновата песна на Антониа Гиговска, која јавноста има можност премиерно да ја преслуша, а е дел од студискиот материјал за албум што треба да биде комплетиран до крајот на годинава.

Песната, во која Антониа верува и која влегува во уво на прво слушање, е со потписот на Лазар Цветковски, чии се музиката и аранжманот, додека текстот е на Тајзи. Се работи за модерна тема која има потенцијал за кусо време да го носи предзнакот – летен хит. Видеото, пак, во кое Антониа се претставува во едно сосема поинакво светло е работено под режисерската палка на Даниел Јовевски.

„„Магла“ е дел од албумот „2001“ што ќе содржи 12 нумери, меѓу кои дел веќе пуштени во етерот, но и дел комплетно нови. Задоволна сум од тоа како излезе песната, иако е направена спонтано и буквално во еден здив. А дека е „љубов на прв поглед“ доволно зборува тоа што е отпеана и спакувана од прва. Се надевам дека и публиката ќе го почувствува она што и јас, и навистина можам слободно да кажам дека ова е можеби една од песните на која најмногу ѝ верувам“ – вели Антониа.

Кадрите за видеото, кое изгледа светски, впрочем, каков што е и целиот овој проект, се снимени на бродот „Anchor“ на кеј, а во нив освен Антониа се појавуваат и Симон Антиќ во главната улога, Белисима Лукарова, Христијан Рангелов и Нилија Фоендо, која е од Њујорк и чија туристичка посета на земјава е искористена за да биде дел од спотот. За стајлингот, пак, беше задолжена Викторија Бурсаќ, за шминката Даниел Николовски, додека фотографијата е на Мартин Трајановски.

„Се потрудивме сè да изгледа на едно повисоко ниво. Ништо не е случајно во спотот – од гардероба која е нарачувана од странство и е од брендовите Pretty Little Thing/Akira/Oh Polly, до учесниците во видеото кои се бирани внимателно… Сакав публиката да види нешто ново од мене, една нова Антониа. Сакав да се прикажам во едно поинакво светло“-  вели Гиговска.

Дали целта е постигната останува последниот суд да го даде публиката. Младата пејачка верува во песната, а ние веруваме во сите вас. Погледнете, слушнете и живајте!