„Еден ден“ е шестата песна од деби албумот „Ти сум јас“ на Анита Мицова која наскоро ќе ја добие својата визуелизација. Снимањето е предвидено да заврши во текот на наредните денови, а во меѓувреме пејачката нè почести и со фотосесија за која се погрижи фотографката Кристина Затуроска.

Освен новото видео, стружанката го подготвува и својот нов албум, за кој повеќе детали се очекуваат наскоро. Како и на останатите песни на „Ти сум јас“, така и на „Еден ден“ како автори се потпишуваат Весна Малинова Бабамова и Кирил Бабамов.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.