Радио Милева
нетрпелива госпоѓа

Анѓелка Прпиќ објасни што е тоа „афтер шок воспитна метода“: „Му купував нешто на синчето во еден трговски центар и само што се свртев, него го снема…“

Анѓелка Прпиќ објасни што е тоа „афтер шок воспитна метода“: „Му купував нешто на синчето во еден трговски центар и само што се свртев, него го снема…“

Популарната српска актерка Анѓелка Прпиќ во емисијата на Огњен Амиџиќ – „А-ми-џи Шоу“ објасни што е тоа „афтер шок воспитна метода“.

„Бевме во трговски центар, мислам дека му купував нешто на син ми и белким од тоа мноштво деца наеднаш гледам дека детето ми го нема! Имаше велосипед  без педали, знаеш кога ќе го пуштиш, па одржува рамнотежа… Отиде некаде така, а јас почнав да врескам низ продавницата: „Јакша? Јакша?, кога ете го  во одреден момент дојде. И сега гледам што ќе правам, образовниот метод, детските психолози ми рекоа дека само кога е во опасност животот на детето, сосема е легитимно да бидете погруби.

Се разбира, не му удрив ќотек, туку  клекнав и го фатив за рака и низ заби му реков: „Никогаш немој повеќе да го правиш ова“, додека се пенавев од устата… Во истот момент додека лута и запенета му зборував, дојде една жена со децата и вели: „Ај деца, да се сликаме, видетее кој е тука“! И велам на жената да почека малку оти му кажувам нешто на Јакша, а таа ми вели: „Добро, но брзаме, мораме сега да се сликаме“…

„Извини, воспитувам дете“ – и возвратив, така што неговото губење го паметам меѓудругото и по таа нетрпелива госпоѓа“ – открива Анѓелка во емисијата „Амиџи шоу“.

Фото: Инстаграм принтскрин/andjelkap

Останати вести од Радио Милева