Промотер

Ангел Спасов со приказна која нуди повеќе гледишта за едно љубовно недоразбирање во – „Сам продолжувам“ (ВИДЕО)

Ангел Спасов со приказна која нуди повеќе гледишта за едно љубовно недоразбирање во – „Сам продолжувам“ (ВИДЕО)

По одличната „Ме изгуби ти“, Ангел Спасов, младиот средношколец од Струмица, на јавноста ѝ ја претставува својата нова, втора песна со наслов „Сам продолжувам“. Се вели, тимот што победува не се менува, па воден од оваа мисла Ангел повторно работи со истиот тим.

„Мојата прва песна наиде на одлични реакции кај публиката, па тоа ме мотивираше да ја објавам и оваа тема, дури и побрзо од планираното. Луѓето кои работеа на „Ме изгуби ти“ се покажаа како добитен тим, па затоа екипата која работеше и сега не само што останува иста, туку е и проширена со Тања Соколовска која придонесе многу за врвната музика направена од хитмејкерот Роберт Билбилов да зазвучи така како што во моментов може да чуе публиката – полна со емоции“, вели Ангел и признава дека кога прв пат ја слушнал„Сам продолжувам“ знаел дека тоа е тоа, песна во која може да се пронајде, песна во негов стил и песна која може да ја отпее така што таа ќе допре до публиката.

Видеото е работено со Зоран Зонде Стојановски, а во кадрите освен Ангел една од главните улоги ѝ припадна на Јована Ѓо, која, како што вели тој, со својата харизма дополнително придонела видеото да изгледа светски.

„Спотот е приказна која нуди повеќе гледишта за едно љубовно недоразбирање, а главната улога ѝ припадна на Јована. Тука се и Симона Спиркоска и, кои играат на хип-хоп делот, потоа Гала Поњавиц, Миа Гирауд и Трајче Манчевски, а при реализацијата на видеото во голем дел помогна и Александар Мижимаков“, вели Ангел и додава дека верува во тимот со кој работи и не само што нема да го менува, туку најавува и уште многу убави соработки.

Ова младо момче со сериозни амбиции си остана на зборот кога станува збор за досегашните музички планови, па затоа нема зошто да се сомневаме дека со исто темпо ќе продолжи и во иднина.

Уживајте во „Сам продолжувам“, слушајте македонска музика и поддржете ги новите имиња како што е Ангел Спасов, кои носат нова свежина и енергија на домашната сцена (КЛИКНИ ТУКА):

Останати вести од Промотер