Промотер

Анета и група “Молика” со вас ќе споделат малку романтика во нивната нова песна – “Дари ми љубов“ (ВИДЕО)

Анета и група “Молика” со вас ќе споделат малку романтика во нивната нова песна – “Дари ми љубов“ (ВИДЕО)

За љубовта вреди секогаш да се пее…и кога сакаш и кога си сакан, и кога си бескрајно среќен и кога си тажен. Таа како неисцрпна инспирација раѓа најмногу музички хитови, ама отпеани од вистинските грла.

И токму од едно такво грло и напишана од едно вистинско романтично срце какво што има познатиот македонски фолк изведувач и композитор Далибор Даки Ѓошиќ, ни доаѓа новата песна реализирана летово, со наслов: “Дари ми љубов” во исполнение на Анета и групата “Молика”.  Даки го потпишува и аранжманот на песната, а истата е снимена во студиото “XL Момировски”.

За видеото се погрижи “Арт студио” – продукција, кое го реализирал Дејан Ѓогиев, а истото е снимено на  сцената  на Домот на култура во Битола. Танцот кој секогаш оди заедно со љубовта и песната во изведба на членови на танцовото студио  “Ритам Плус” од Скопје.

Ако сте вљубени, среќни и исполнети користете го секој слободен момент за дружење со музиката, онаа која ја храни или пак лечи нашата душа и го продолжува нејзиниот век.

Заедно со убавите љубовни песни и оние кои знаат преку нив секогаш да допрат до својата публика… Како што тоа го прават Анета и групата “Молика” овој пат со најновата “Дари ми љубов”, која можете да ја проследите во продолжение (кликнете ТУКА) .

Останати вести од Промотер