Радио Милева
не знае дали е среќна

Анџелина Џоли во интервју за „Вог“ откри дека живее на 5 минути од Бред Пит: „Сакав моите деца да бидат во близина на нивниот татко“

Анџелина Џоли во интервју за „Вог“ откри дека живее на 5 минути од Бред Пит: „Сакав моите деца да бидат во близина на нивниот татко“
фото: профимедиа/ зума прес

Холивудската актерка и една од најубавите жени во светот, Анџелила Џоли по долго време го даде своето прво големо интервју за „Вог“ и откри непознати детали за мајчинството и за својот однос со децата.

Имено, 45 – годишната актерка истакна дека себе си не се гледа како традиционална мајка која седи дома со своите деца, како и тоа дека нејзните наследници и помагаат во домаќинството.

Бившата сопруга на Бред Пит вели дека нејзиното семејство и помогнале да се излекува од тешките години зад неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

„Никогаш не ми одеше мирното седење. Иако отсекогаш сакав да имам имам многу деца и се замислував како Џејн Гудал која тоа го прави патувајќи низ џунгла, не се замислував на традиционален начин. Имам чувство дека ми недостигаат сите вештени да бидам традиционална мајка која е дома. Се снаоѓам бидејќи децата ми се издржливи и ми помагаат, но воопшто не сум добра во тоа“ изјави Анџелина.

Убавата актерка во 2016 година се разведе од Бред Пит, а по жестоката борба за старателството над децата, актерката тврди дека се во подобри односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Зборувајќи за животот по разводот од Бред, Анџелина вели таа и бившиот сопруг живеат близу еден покрај друг.

„Сакав моите деца да живеат во близина на нивниот татко кој е одалечен само пет минути. Чувствував голем притисок да се преселам“, вели актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Истакна дека се уште се размислува за разводот од Бред.

„Не знам. Последните неколку години беше тешко. Се насочив кон оздравуањето на семејството. Се радувам на 50тите години и чувствувам дека ќе направам уште еден чекор напред. Иако пред некој ден бевме на трамболини и децата ме предупредија да внимавам да не се повредам. Господе, не е смешно. Бев актерка во акциони филмови, а сега децата ми велат да внимавам на трамболините за да не се повредам, вели актерката.

Таа вели дека не е знае дали е поптолно среќна, но дека се труди да има позитивен поглед кон иднината.

Останати вести од Радио Милева