Радио Милева
„Бев спречена“

Анџелина Џоли вели дека Бред Пит е виновен што ја запоставила кариерата

Анџелина Џоли вели дека Бред Пит е виновен што ја запоставила кариерата
фото:шутерсток/профимедиа

Холивудската актерка Анџелина Џоли на промоцијата на нејзиниот нов филм „Оние што ме сакаат мртва“ одговори на прашањето на новинарите, кои сакаа да знаат зошто во последните години не била на филмското платно, ниту се занимавала со режија.

– Семејната ситуација ме спречи да го сторам тоа – кратко одговори Џоли, осврнувајќи се на разводот со актерот Бред Пит и борбата за старателство.

Инаку, актерката прави се за нејзините наследници, близнаците Нокс и Вивијан, Шајло, Захара, Пакс и Медокс, да поминат низ најтешкиот период, па поголемиот дел од времето го поминува дома и се грижи за нив.

фото:профимедиа

– Никогаш не се замислував како мајка во традиционална смисла. Чувствувам дека ми недостасуваат сите вештини за тоа и дека не сум добра, но се снаоѓам. Моите деца се прилично еластични, издржливи, лесно се прилагодуваат и ми помагаат. Сакам што пораснаа, па сега можам да седам со нив цела ноќ и да разговарам – заврши актерката, која е во лоши односи со поранешниот сопруг и се бори со него околу старателството над децата. Таа исто така го обвини за семејно насилство, што тој го негира.

Останати вести од Радио Милева