Радио Милева
поддршка

Анџелина Џоли се огласи по повод војната во Украина: „Се молам за луѓето“

Анџелина Џоли се огласи по повод војната во Украина: „Се молам за луѓето“

Холивудската актерка Анџелина Џоли е позната по нејзините хуманитарни дела и помагање на народите кои живеат во загрозени услови.

Таа е борец за човековите права, па не остана имуна на моменталната состојба во Украина.

По тој повод, таа огласи на својот Инстаграм каде го кажа својот став за рускиот напад врз Украина.

-Како и многумина, се молам за луѓето во Украина. Мојот фокус, како и фокусот на моите колеги од UNCHR е да се направи се што е можно за се заштитат основните човекови права на иселените луѓе и бегалците во регионот, напиша актерката и додаде:

-Веќе ги видовме извештаите за жртвите и луѓето кои започнаа да бегаат од своите домови за да најдат заштита.

За потсетување, Анџелина првпат сведочеше на хуманитарзната криза додека го снимаше филмот „Tom Raider“ во 2001 година во воената разрушена Камбоџа.

фото: Профимедиа

Останати вести од Радио Милева