Радио Милева
го згрози светот

Анџелина Џоли на децата им подготвува, за ручек скорпии, за вечера тарантули (фото)

Анџелина Џоли на децата им подготвува,  за ручек скорпии, за вечера тарантули (фото)

Постои изрека дека „за вкусовите не вреди да се расправа“, меѓутоа, изборот на диета што популарната убавица Анџелина Џоли го избра за себе и за своите деца го згрози целиот свет.

Анџелина моментално снима филм во Камбоџа, од каде потекнува нејзиниот најстар син Медокс, а на тоа патување ги однела и своите деца. Во сетот уживаат на необичен начин, а посебно внимание посветуваат на подготовката на храната. Користат храна која се наоѓа во нивната околина, а на менито има скорпии, пајаци и бубачки.

Анџелина за време на интервју за Би-Би-Си, сподели видео на кое може да се забележи како познатата актерка подготвува ручек за своето семејство.

– Уживаат да јадат скорпии, особено Шајло. Таа сака тарантули и бубачки. Сите мои деца можат да јадат вреќа штурци како вреќа чипс, навикнати се на тоа. Сега учам како подобро да готвам инсекти со малку зачин – изјави актерката и ја згрози јавноста.

Фото:Принтскрин/ЕПА-ЕФЕ

Останати вести од Радио Милева