Радио Милева
нова ѕвезда

Андријана Петрушoвска воодушеви со својот изглед во „Ѕвездите на Гранд“, а Саша Поповиќ поради неа го прекрши правилото: „Имаш потенцијал да бидеш ѕвезда“

Андријана Петрушoвска воодушеви со својот изглед во „Ѕвездите на Гранд“, а Саша Поповиќ поради неа го прекрши правилото: „Имаш потенцијал да бидеш ѕвезда“

Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започна во саботата, а со новиот почеток и нови промени.

Покрај тоа што Цеца Ражнатовиќ е нов член на жирито наместо Јелена Карлеуша, во музичкото шоу има и нови правила.

Имено, во првите неколку круга ќе настапуваат кандидати кои досега никогаш не се појавила на сцената на „Гранд“, пред нив има ѕид кој се крева во зависност од гласовите.

Исто така ново е што, менторите на кандидатите ги бира Саша Поповиќ, освен ако учесникот има шест гласа, па тогаш тој ќе може да го одбере својот ментор.

Во првата емисија настапуваше и македонската кандидатка Андријана Петрушoвска од Скопје.

Taa се претстави со песните „Не дам на тебе“ и „Ти можеш се“.

За своето пеење таа доби четири гласа, а Вики Миљковиќ, Ана Бекута, Цеца Ражнатовиќ и Ѓорѓе Давид го потврдија својот глас, односно се согласија да бидат ментор на кандидатката.

Од друга страна, Марија сакаше да и даде паник тастер поради претешките песни кои ги одбрала.

„Јас слушам дали нешто ми годи или ме боли глава“, објасни Марија, а Вики додаде дека мора да имаат во обѕир дека ова им е прв круг.

„Се гледа дека има трема. Ова се прва „мачиња“ кои бираме дали ќе влезат во вода или не. Кај мене за се имаш +“, изјави Цеца, а Поповиќ и кажа да се исклучи односно дека таа нема  да биде ментор на Андријана.

На крајот во игра останаа Ѓорѓе Давид и Вики Миљковиќ, односно еден од нив да биде ментор на Македонката.

Ѓорѓе Давид истакна дека страшно би сакал да соработува со неа, а и Вики имаше пофални зборови за скопјанката истакнувајќи дека има потенцијал да биде голема ѕвезда.

Иако, по новите правила Поповиќ е тој кој ги менторите на кандидатите (освен ако имаат шест гласа) овој пат тој го прекрши правилото, па и дозволи на Андријана таа да одбере ментор.

Македонката за свој „професор“ го одрба Ѓорѓе Давид.

Како тие ќе соработуваат, како ќе се подготвуваат и како Петуршевска ќе помине во вториот круг останува да видиме.

Инаку, Андријана доби многу пофалби за нејзиниот изглед, жирито истакна дека изгледа прекрасно и како кукла.

Во видеото подолу погледнете го нејзиниот настап на 40:18.

фото: Z. K. Munja/ E. Srdić/instagram/andrijanapetrusovka

Останати вести од Радио Милева