Радио Милева
моќна, расна и раскошна...

Андријана Петрушовска „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“, Цеца и Шерифовиќ воодушевени: Моќна изведба и секси појава како „жена-мачка“ за возбуда и рецепт за победа! (ВИДЕО)

Андријана Петрушовска „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“, Цеца и Шерифовиќ воодушевени: Моќна изведба и секси појава како „жена-мачка“ за возбуда и рецепт за победа! (ВИДЕО)

Младата  македонска   пејачка Андријана Петрушовска буквално „растури“ викендов на најголемото музичко натпреварување на овие простори, регионалното музичко талент шоу – „Ѕвездите на Гранд“.

Со сите шест гласови од жирикомисијата атрактивната Андријана директно отпатува во четвртфиналето и со тоа се зџдоби со право да потише договор со „Гранд продукција“. Жири-комисијата составена од Саша Поповиќ, Цеца Ражнатовиќ, Драган Стојковоиќ – Босанац, Ана Бекута, Мили, Вики Миљковиќ и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид имаа само пофални зборови за настапот на Петрушовска. Особено силни зборови за Андријана упати Марија Шерифовиќ:

“Браво, браво, лудница“ – беше коментарот на Шерифовиќ, а по неа се надоврза и Цеца Ражнатовиќ: „Што ти реков, што ти реков? Браво кукло“!

Инаку покрај одличниот настап, Андријана секоја емисија во музичкото шоу внимание остава и со своите впечатливи стајлинзи, особено сега кога таа беше облечена како „cat woman“. Налик на ликот од филмовите за Бетмен – „човекот лилјак“, македонската „бет убавица“, покрај вокалот  уште еднаш покажа, со каков телесен раскош располага.

Комбинезон од црн латекс, надополнет со долги црни латекс ракавици и високи црни чизми, собрана коса во долга плетенка и венче со мачкинини ушиња што го дополнува шармот на сликата на атрактивната пејечка.  Имиџот можеби поразличен од било кога досега, ама затоа еротскиот набој пуштен на најсилно. Сексапил што „пали“ при секој поглед што „убива“ од возбуда, како рецепт за победа!

Она што особено најмногу поминува кај нејзините машки обожаватели кои се и најбројни и најверни, а и „најзапалени“  по пејачката и нејзините телесни убавини.

Погледнете го нејзиниот настап во последното издание што и донесе 1/4 финале во „Ѕведите на Гранд“:

Останати вести од Радио Милева