Радио Милева
роденден мала забава

Андријана Петрушовска која важи за една од најатрактивните македонски учеснички во „Ѕвездите на Гранд“ славеше роденден – во кратко сино фустанче ги собра сите погледи, а еве и колку наполни

Андријана Петрушовска која важи за една од најатрактивните македонски учеснички во „Ѕвездите на Гранд“ славеше роденден – во кратко сино фустанче ги собра сите погледи, а еве и колку наполни

Во новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, има доста македонски претставници кои досега не се појавиле на познатата музичка сцена и за првпат застанаа пред музичкиот суд.

Една од нив е и младата, атрактивна скопјанка Андријана Петрушовска.

Таа во првиот круг се претстави со песните „Не дам на тебе“ и „Ти можеш се“ и освои вкупно четири гласа.

Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Ана Бекута и Цеца Ражнатовиќ го потврдија својот глас и  сакаа да бидат на ментор на Македонката.

Иако кога само кандидатот има шест гласа, може да бира кој ќе биде ментор, Саша Поповиќ овој пат направи исклучок и дозволи на Петрушовска сама да бира, а таа го одбра Ѓорѓе Давид.

Додека Андријана се подготвува за вториот круг во музичкото шоу, таа деновиве имаше убав за славење.

Имено, атрактивната македонска славеше роденден. Таа позираше покрај роденденска торта и букет со рози. За оваа прилика Андријана одбра фустан во сина боја кој одлично ја истакнуваше нејзината фигура и нејзиното заносно, згодно тело. Со отворено мало деколте и разголени нозе, скопјанката изгледа вистинска риба.

„Ѕвездата на Гранд“ позираше во клекната поза во краткото фустанче, а во фокусот паднаа нејзините разголени нозе.

Андријана ги дувна и свеќичките за среќен роденден. Обичајот вели пред да ги дувнеш роденденските свеќички треба да си замислиш желба, дали Андријана си замисилила или пак посакала да победи во „Ѕвездите на Гранд“ остана мистерија, но не остана тајна колку години наполни – 22.

Како ќе се претстави атрактивната Македонка во вториот круг останува да видиме.

фото: принтскрин/инстаграм

Останати вести од Радио Милева