Радио Милева
спомени

Андријана Јаневска се потсети на новогодишните празници од детството, па откри кој е најубавиот новогодишен подарок што го добила: „Розова машина за шиење“

Андријана Јаневска се потсети на новогодишните празници од детството, па откри кој е најубавиот новогодишен подарок што го добила: „Розова машина за шиење“

Андријана Јаневска денес важи за македонска пејачка, виолинист во МОБ, доцент на ФМУ, автор на музика.

Aндријана, Нова година ја дочекала во домашна атмосфера во нејзиниот дом во Бардовци заедно со синовите гледајќи филм и уживајќи во семејната трпеза.

Пејачката во интервју за „Женски магазин“ откри на кој новогодишен подарок најмногу се сеќава.

-На розевата детска машина за шиење. Тоа беше некаде 1987-88 година. Враќајќи се од музичко, ја здогледав во излогот на Стоковната куќа на плоштад. Тоа беше мојата најголема новогодишна желба. Се сеќавам дека за Нова година татко ми беше на работа, трета смена во Железара. Јас и брат ми (сестра ми не беше родена) останавме со мајка ми до полноќ да ја дочекаме Новата година, а потоа до заспивање си повторував: машина за шиење, машина за шиење… Кога станав утрото, на среќата ѝ немаше крај! Под елката навистина стоеше мојата машина“, вели Јаневска.

Андријана откри дека Бадник ќе го прослави во својот дом, а за Божиќ вообичаено оди на гости кај татко и брат и.

-Токму таа традиција „Кај и да си за Божиќ, дома да си“, секогаш за овој празник сакам да бидам дома, со семејството. Нема ништо поубаво од тоа, сите заедно, здрави, живи, насмеани, вели пејачката.

Среќни празници!

фото: Инстаграм/андријана јаневска

 

Останати вести од Радио Милева