Промотер

Андреа со уникатна порака како „да летаме“ со позитивна мисла и енергија низ животот во – „Јавачи“ (ВИДЕО)

Андреа со уникатна порака како „да летаме“ со позитивна мисла и енергија низ животот во – „Јавачи“ (ВИДЕО)

По неколкуте песни на Англиски јазик, Андреа има нова песна, овој пат на Македонски јазик. „Јавачи“ е името на најновиот сингл достапен на сите музички онлајн платформи веќе од 16 ноември. Со звук кој нè потсетува на 2019-та, а текст кој несомнено може да ја инспирира денешната младина, Андреа пее на македонски и има силна порака која сака да ја  пренесе.

Јавачи е песна што ја направивме со Масе во 2019 зашто тогаш кај нас преовладуваше трапот како саунд, но ние одлучивме да вметнеме RnB мелодија, па Јавачи се сними како песна со поп призвук. Пораката која сакам да ја испратам до публиката е дека секој од нас има свој пат и го оди најдобро што може и умее, па така и го носи товарот од своите успеси или неуспеси. Сакам да пренесам позитивна енергија, а во суштина таква е и целата песна, „лета“. Во ниту една сфера од животот не треба да се споредуваме едни со други, зашто сме различни, уникатни и така треба да се сакаме, „да летаме“ низ животот со позитивна мисла и енергија,“  – вели Андреа.

По I Know, I Don’t Know Your Name, Betting on You, Heartbreak и Choose My Way, песни со кои ја освојува светската музичка сцена, младата пејачка одлучува да се посвети на матичната публика, па така доаѓа редот и на Јавачи, песна на македонски јазик – нешто на кое не сме навикнати кога станува збор за Андреа. Оваа песна доби и свој видео запис чија продукција и постпродукција ја потпишува Ени Вучидолова, кој е веќе поставен на нејзиниот официјален YouTube канал.

„Веќе подолго од една година, постојано се трудам професионално да ја развивам мојата кариера како поп пејач, а тоа значи да издавам нова песни во континуитет кои ќе бидат застапени на сите музичи платформи, а ќе имаат и свои музички спотови. И јас, како професионален музичар, ги надградувам своите вештини, го развивам мојот талент и интензивно работам на квалитетот на гласот и перформансот. Мојата амбиција да успеам во музичкиот бизнис во светски рамки бара многу откажувања, труд и истрајност. Добивам голема поддршка од најблиските, од друштвото, но и од тимот кој стои зад мене. Македонија е мал пазар, но за мене најважен. Овде е мојата отскочна даска, во срцето. Затоа на македонската публика и подарувам песна на македонски јазик. И нема да биде последна, се разбира.“, вели Андреа.

Андреа  е родена е на 14 февруари 2000 година и живее во Скопје. Љубовта кон музиката се раѓа при нејзиниот прв контакт со госпел, соул и R&B музиката додека одреден период живеела во Харлем со нејзиното семејство. Нејзините родители, доктор и професор, од неа очекувале да одбере „респектирана“ кариера, но таа го следи срцето и се посветува на музиката.

Светските музички блогови за неа велат дека „прикажува соул тонови со самодоверба и софистицираност на многу поискусен уметник“ и ја нарекуваат „водечки инди уметник во Македонија“. За Андреа има објавиво музички блогови во САД, Бразил, Полска и Русија. Таа беше интервјуирана за радиа и подкасти во САД, Велика Британија, Холандија и Мексико. Нејзиниот прв сингл „I know“ се емитуваше на преку 200 радио станици во над 40 земји.