Мегафон
„покајание грешним“

Андреа се извини за непромислениот гест и скандалозното однесување со фрлањето на македонското знаме на земја (ВИДЕО)

Андреа се извини за непромислениот гест и скандалозното однесување со фрлањето на македонското знаме на земја (ВИДЕО)

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска преку видео порака се извини што го фрли македонското знаме за време на фотографирањето во Торино. Таа објаснува дека тоа било ненамерно и дека не сакала никого да навреди. Фотографите наводно побарале од нашата претставничка да ја фотографираат без знамето. Македонската делегација била далеку од сцената и немајќи каде, кому да го подаде, таа го фрлила знмето на подот.

Јавниот сервис пак откако и самиот ја повика да се извини, ја разгледува можноста и за повлекување на нашата претставничка на Евровизија.

Андреа во видео порака веднаш се извини за гестот и објасни дека тоа се случило ненамерно, без намера никого да навреди. Ова е нејзиното извинување: