Радио Милева
кога мама финансира, ќерката профитира

Анастасија Ражнатовиќ „тежи“ пола милион евра: Пејачката за три години заработила огромно богатство

Анастасија Ражнатовиќ „тежи“ пола милион евра: Пејачката за три години заработила огромно богатство

Популарната млада пејачка Анастасија Ражнатовиќ од своите седум песни кои ги објави на „Јутуб“ и на другите музички платформи досега заработила повеќе од 500 000 евра.

Како што пренесуваат српските медиуми, Анастасија Ражнатовиќ од периодот на создавање на нејзинит Јутуб канал (11 јуни 2018) година, па досега заработила само 240 000 евра бидејќи нејзините песни имаат околу 240 милиони прегледи.

Сепак, многу повеќе се заработува од симнување на музика од другите платформи на кои е присутна пејачката, па секојпат кога ќе објави нова песна се наоѓаа на листата на 100 најслушени песни. Цената за милион прегледи започнува од 3000 до 3500 евра. Анастасија има 16 милиони прегледи за пет песни или 150 000 редовни слушатели во месецот што значи дека само од нив заработила 70 000 евра.

Како што пишуваат српските медиуми, наследничката на Цеца за три години заработила повеќе од пола милион евра. Со ваква заработка не може да се пофалат многу млади пејачи во Србија.

Сепак, пејачот не ја зема целата сума од заработката на овие платформи бидејќи дискографската куќа зема 40% од заработката на прегледите. Меѓутоа, бидејќи Анастасија е изведувач на продукцијата на нејзината мајка „Цеца мјузик“, младата пејачка се наоѓа во многу подобра позиција од останатите пејачи.

фото: хит/информер/принтскрин/јутуб

Останати вести од Радио Милева