Радио Милева
На сцена со машка придружба

Анастасија Ражнатовиќ пееше во Струмица, а кулминацијата се случи во овој момент (фото)

Анастасија Ражнатовиќ пееше во Струмица, а кулминацијата се случи во овој момент (фото)

Саботата вечер во Струмица младата српска музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ настапуваше во еден ноќен клуб.

Се барала карта повеќе, а многумина ќе ја паметат претпоследната јулска ноќ со одличната забава на ќерката на Цеца.

Клубот во кој беа собрани неколку стотина луѓе беше полн, а имаше и такви кои таа вечер имаа помалку среќа, па не набавија карти навреме и останаа пред вратата на клубот.

Анастасија на сцената се појави во придружба на четворица атрактивни мажи, а публиката ги поздрави со громогласен аплауз.

Следеа хитовите „Ране“, „Извини“, „Промашено“, „Готово“, а гостите на клубот пееја во еден глас со Анастасија.


Младата музичка ѕвезда во еден момент ги отпеа хитовите на Цеце Ражнатовиќ и со тоа ја доведе атмосферата до кулминација.

– Благодарам Струмица, одлично си поминавме и со нетрпение очекувам повторно да дојдам. Ова беше незаборавна вечер за мене, верувам и за вас – изјави Ражнатовиќ

фото:Принтскрин Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Останати вести од Радио Милева