Радио Милева
Најпосле нова песна

Анастасија Ражнатовиќ не запира со промените на имиџот: Повторно има нова фризура, а пораката под објавата крена прашина на социјалните мрежи (фото)

Анастасија Ражнатовиќ не запира со промените на имиџот: Повторно има нова фризура, а пораката под објавата крена прашина на социјалните мрежи (фото)
фото:анастасија ражнатовиќ/инстаграм принтскрин

Младата музичка sвезда Анастасија Ражнатовиќ најави нова песна насловена „Готово“ и откри неколку стихови, а многумина ја забележаа промената што таа ја направи заради снимање на спотот.

Имено, Анастасија позираше во фармерки, кратка зелена маица која и го истакна тесниот струк.

Покрај сето тоа, Ражнатовиќ повторно направи промена во својата фризура, а сега позира со прамени во различни нијанси на бои.

– Готово? Повторно се лажеш, велиш дека е „Готово“ – напиша Анастасија во описот на фотографијата и ја најави новата песна.

Наскоро следеа и коментари, додека некои го пофалија изгледот на Анастасија, други беа задоволни за објавувањето на новата песна: „Веќе сум заразена со описот на сликата“, „Волшебно“, „Едвај чекам“ … и порачаа фановите на ќерката на Цеца која песните ги работи со македонскиот композитор и продуцент Дарко Димитров.

Останати вести од Радио Милева