Радио Милева
Привилегија за дедо

Анастасија неодамна стана мајка по вторпат, а гордиот дедо Наум Петрески за прпат и го покажа внукот на јавноста (фото)

Анастасија неодамна стана мајка по вторпат, а гордиот дедо Наум Петрески за прпат и го покажа внукот на јавноста (фото)

Пејачката и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Анастасија Петреска и нејзиниот колега и сопруг, пејачот на „Биоритам“, Владимир Поповски, пред три недели станаа родители по вторпат.

Овој пат по првата ќерка, Бог ги даруваше со машко кое го направи семејството уште посреќнно и побогато.

Младите родители не сакаа да откриваат повеќе детали за новиот член, засега не е познато името на бебенцето, а резервирани беа објавите на Анастасија и за време на нејзината бременост.

Таков беше случајот и со таткото кој веројатно во договор со мама Анастасија решија нивната голема семејна радост да ја држат подалеку од очите на јавноста.

Но, за познатиот дедо Наум Петрески ова правило не важи.

Тој ја имаше привилегијта за првпат да го покаже внукот. Горд, насмеан и пресреќен, Наум го држи наследнкот во рацете, а за објавата собра лавнина од коментари и честитки за малиот наследник.

Инаку, ова е второ внуче за Наум Петрески, кој преходно од ќерката Анастасија ја доби и внуката Андреа која има три години.

фото:Фејсбук Наум Петрески/Инстаграм принтскрин Анастасија Петреска

Останати вести од Радио Милева